Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

ЕУ ги отвора преговорите со Украина и Молдавија

Втор и последен ден од Самитот на Европската Унија во Брисел, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор и последен ден од Самитот на Европската Унија во Брисел, каде шефовите на држави или влади на земјите членки на Унијата вчера донесоа неколку важни одлуки.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, информираше дека Советот одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.

Босна и Херцеговина, има шанса – до март, следната година, да ги донесе потребните закони, и да докаже – дека направила доволно – на патот кон ЕУ, а потоа, Европската комисија, ќе усвои извештај за напредокот, со цел, да се одлучи за следните чекори.

Реклама

За Македонија, декемврискиот Самит – дојде и пројде, и, земјава, остана во европската чекалница. Околу врат, како камен – и виси ветувањето на власта, дека ќе ги протне бугарите во Уставот, спротивно, на волјата на народот.

Старо-нов товар, остануваат – длабоката корупција и криминалот. И покрај тоа, што ова, е уште еден дипломатски пораз, премиерот Димитар Ковачевски, вината, исклучиво ја префла кај опозицијата.