Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Гир: Борбата против корупцијата и владеењето на правото во сржта за напредокот на Македонија кон ЕУ

Заглавени некаде во ќорсокак, далеку од вистинскиот пат кој води до ЕУ, …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заглавени некаде во ќорсокак, далеку од вистинскиот пат кој води до ЕУ,  како ехо не прогонуваат критиките за високата корупција, НЕфункционалноста на правосудниот систем, (НЕ)владеењето на правото.  Евроамбасадорот Дејвид Гир по кој знае кој пат повтори дека корупцијата е огромен проблем. ЕУ ги нотираше и скандалозните измени на КЗ, кои дополнително и дадоа крилја на корупција – наместо да се бориме против корупмираните, Македонија со ова им дава можност да се извлечат, преку застарување на делата.

„Отсуството на ефективен и независен систем на владеење на правото злоупотребите ги остава неказнети, правата не се почитувани, нееднаквоста расте, конкуренцијата за иновации застанува и најлошо од се граѓаните се се поцинични и поотпорни кон институциите и не гледаат можност за промена“ ,рече Гир.  

Судството останува најдлабока рана. Скандалите во Судскиот совет се најдоа и во Извештајот на Оценската мисија на ЕУ. Таму беше нотирано дека судството е во критична состојба и потребна е итна акција. Првиот човек на Судски совет најави јавна седница на која детално ќе биде разгледан извештајот.

Реклама

„Од тоа што начелно го видвоме, размислуваме да закажеме јавна седница, во која што детално ќе биде разгледан извештајот. Од тоа што во медиумите се дискутира за овој извештај, можам да кажам дека е даден со препораки за кратко, среден и подолг временски период, каде што некои детектирани состојбите со законски измени да се регулираат“, рече денеска Георгиев пред медиумите.

За зголемување на довербата во судството но и сите институции во Македонија, потребни се луѓе со интегритет. Според претседателот Стево Пендаровски, корупцијата се засилува преку правните дупки и нејаснотии што лесно се злоупотребуваат за да се избегне одговорноста.

„Деновиве, како што знаете, заврши скринингот за степенот на усогласеност на македонското законодавство со европското. Очекуваме во овој процес да бидат децидно дијагностицирани сите наши системски пропусти и недостатоци и да биде даден патоказ за понатаму. Меѓутоа, општ заклучок е дека не е доволно направено за клучното поглавје – владеење на правото и фундаменталните права кои се алфа и омега на европските интеграции, онаму каде што не владее правото – владеат парите“,рече Пендаровски.

Главната порака која се испрати од конференцијата посветена на европската иднина на земјава е дека борбата против корупцијата и владеење на правото се сржта во напредувањето на Македонија кон ЕУ.