Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Бубевски: Материјалните докази соодвествуваат со исказите на осомничените

После десетина дена од заедничката прес конференција со министерот за внатрешни работи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После десетина дена од заедничката прес конференција со министерот за внатрешни работи, Шефот на скопското обвинителство конечно се појави. Сепак, не расчисти ниту една од дилемите кои се појавија во меѓувреме – како биле убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дали украдениот автомобил од жртвата од Велес бил регистриран на некоја камера, каде се движел, дали мотивот останува ист – користољубие. Од Обвинителството не кажуваат што содржи обдукцискиот наод. Единствено што потврди Гаврил Бубевски е дека собраните докази, кои веројатно се однесуваат на ДНК анализата, видеата од камерите и разните други вештачења одговараат со тоа што го кажале другите од групата на Палчо во своите признанија.

Во однос на фактите, кои произлегуваат од целокупниот доказен материјал, ќе се произнесеме во обвинение. Се испитуваат нормално материјалните докази. И можам само да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик на кој зборуваа осомничените“, рече Бубевски.

И Бубевски исто како и шефот на полицијата, не открива, дали украденото возило, од денот на исчезнувањето на Жежовски до денот на грабнувањето на малолетната Вања било регистрирано на некоја од камерите на „Safe city“ или која било камера од објект во главниот град.

Реклама

„Се прибираат сите докази, и ќе бидат предмет на обвинителниот акт“ – додаде Бубевски.

Исказите на Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кои моментално се во истражниот затвор во Шутка, ги доведоа истражните органи до местата каде беа закопани телата на двете жртви. Во притвор е и таткото на Вања кој е осомничен дека помогнал во грабнувањето и Стефан Димковски, пријателот на Палевски кој го возел од Србија до Турција.