Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

Борбите со цивилни жртви продолжуваат во Газа: Хамас се закани – нема размена додека не се исполнат барањата!

Десетици палестински цивили загинаа, а стотици се ранети во израелски воздушни напади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десетици палестински цивили загинаа, а стотици се ранети во израелски воздушни напади врз станбени згради во јужниот и централниот дел на Газа, како и бегалски кампови, во последните 24 часа, соопшти палестинската агенција ВАФА.

Според извештаите, околу 45 цивили биле убиени во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, а неколку жртви биле и во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.

Во воздушните напади на израелската армија врз Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, беа погодени станбени згради, а поради големиот број повредени, зголемен е притисокот врз болниците, каде што нема доволно кревети, лекови и медицински материјали.

Реклама

Закана од Хамас: Нема заложници без исполнување на барањата

Портпаролот на Хамас изјави дека Израел нема да ги добие живите заложниците без размена, преговори и исполнување на барањата на групата.

Израел вели дека во Газа се уште има 137 заложници, додека активистите велат дека околу 7.000 Палестинци се во израелските затвори.

Катар продолжува да посредува во обид да се ослободи повеќе заложници, но премиерот, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, рече дека „за жал, тој не ја гледа истата подготвеност да преговара како што беше случајот пред неколку недели“.