Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Јордан Плевнеш – добитник на наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“

Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува со вечност-рече амбасадорот Јордан Плевнеш кој годинава ја понесе Свети Климентовата награда за животно дело. Сум добил многу награди,вели Плевнеш,но оваа највисока општинска награда за мене има посебно значење.

 “Имаше една голема церемонија во француската академија кога добив гран при за животно дело и тогаш беше возбудата многу голема,но кога прочитав и ми го испратија писмото од општината во името на градоначалникот и стручната комисија, во мене се роди едно чувство дека само Охрид може да ве дарува со вечност ” –рече амбасадорот Јордан Плевнеш

Охриѓани со длабока почит го честуваат патронот на градот Свети Климент Охридски, Чудотворец чии дела го прават заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Интернационалната манифестација “Поетска ноќ во Велестово”која се одржува 35 години се обидува да го зачува македонскиот литературен збор,но за жал во ова време-невреме,повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него-посочи истакнатиот македонист Славе Ѓорго Димоски,добитник на Свети Климентовата повелба.

Реклама

“Како што знаеме дека имаме чудни политички ветришта кои некако,на некој начин го оспоруваат тој неоспорен факт дека македонскиот јазик постои.Ова не е една ветрометина за нашиот јазик.И денес ќе се избориме и ќе настојуваме ни една црна дамка да не падне врз тој свет јазик ” -рече Славе Ѓорѓо Димоски

Градоначалникот на Охрид на своите сограѓани им посака мир ,благосостојба, разбирање и соединување.

“ Посакувам вечно да живее Свети Климентовата писменост, Свети Климентовата црква и Свети Климентовата школа и нека биде вечен неговиот благослов за Охрид и македонскиот народ”-порача Кирил Пецаков

Инаку преданијата говорат дека чудотворецот самиот го ископал својот гроб на Плаошник од каде ја ширел писменоста. Дел од мошите на првиот Македонски Архиепископ Свети Климент Охридски и денес се таму, во сребрена кутија изработена од филигран,во дрвен саркофаг достапен за поклонување на верниците. Остатоци од черепот има во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер, денешна Верија, Грција,а  пред неколку години МПЦ ѝ подари честица од моштите на Свети Климент на пловдивската митрополија во Бугарија. 

Росица Голабоска