Реклама
Свет

Црн рекорд во САД годинава по бројот на масовни убиства

Весникот „Вашингтон пост“ вчера наведе дека само годинава во САД имало 38…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весникот „Вашингтон пост“ вчера наведе дека само годинава во САД имало 38 престрелки во кои биле убиени по најмалку четири лица, што е најголем број масовни убиства во последните години.

Претходниот рекорд беше поставен минатата година кога се случија 36 масовни убиства.

Од почетокот на годината до 4 декември во масовни престрелки во САД загинаа 197 лица, не сметајќи ги напаѓачите, а 91 лице беа ранети.