Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Oчекувања за утрешната лидерска средба од аналитичарите- „Споени избори, без укинување на техничка влада“

ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска од СДСМ за договор за датум за изборите, социјал-…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска од СДСМ за договор за датум за изборите, социјал- демократите одбија, рекоа дека ќе има работни групи во Собранието кои ќе разговараат за датумите, од тие работни групи ништо не бидна, па конечно утре ќе се одржи лидерската средба. Главна точка се очекува да биде дали изборите ќе бидат споени и на кој датум, иако СДСМ негодуваше за споени избори, откако ДУИ кажаа може, наеднаш нивното цврсто НЕ стана меко ДА.

Аналитичарите сметаат дека е редно време да се постигне овој консензус. Причините не се само финансиски, односно да се заштедат 8 до 10 милиони евра, туку и да се избегне политичка криза. Не се очекува  да стане збор за укинување на техничката влада, како што предложи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и самиот премиер вели дека за тоа моментално нема расположение кај коалиционите партнери.

Треба да се потврди оној датум за избори – 8 мај. Тоа е она што го очекуваме. Со тоа ќе се избегне опасноста, вториот круг на претседателските да биде неуспешен, т.е да не се постигне оној цензус од 40%. Тоа беше и главната причина зошто и јас и други инсистиравме да се спојат изборите. Се разбира, осум милиони до десет се многу пари, но оваа друга причина, беше ризик да се втурне државата во една политичка криза. Со оглед на тоа дека само Ковачевски беше сам со својот став, се очекуваше дека ќе се согласи. Околу техничката влада, тоа беше договор меѓу коалциите, затоа власта инсистира. За ВМРО-ДПМНЕ најважно беше изборите да бидат заедно, и да се отпочне организацијата со цел да имаме фер и демократски избори – вели универзитетскиот професор Владимир Божиновски.

Реклама

Консензуален и усогласен датум за изборите ќе биде предвесник на фер натпревар со политички бон тон и пристојност.

Од лидерската средба не треба да се очекува ништо подраматично од она што веќе се познати позиции во јавноста. Мислам дека лидерите ќе ги афирмираат своите ставови околу она што е веќе познато, за споени избори. Кој предложил кој мислел на доброто на граѓаните, тоа е се политичка комуникација. Најважно е да имаме консензуален усогласен датум за изборите, да се одржи фер натпревар со некаков политички бон-тон и пристојност – вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Премиерот Ковачевски рече дека очекуваконструктивна лидерска средба во која ќе учествуваат сите политички партии застапени во Парламентот, бидејќи тоа е начинот на кој функционира едно демократско општество, каде што сите кои учествуваат во еден натпревар треба да имаат збор во начинот на кој се организира натпреварот, Доколку како што и се очекува партиите го официјализираат 8 мај како датум за избори Македонија треба да има техничка влада на 28 јануари.Тоа би значело и дека изборите треба да се распишаат кон крајот на февруари. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ освен споени избори предложи и укинување на техничката влада во која оваа партија би добила две министерски и три замен- министерски места.