Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

По 6 дена од исчезнувањето на Вања – петмина приведени, се вештачи и автомобил

Пет лица се приведени, а во полициското депо на вештачење е и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет лица се приведени, а во полициското депо на вештачење е и еден автомобил поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Потврдата стигна од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој кажа дека во интерес на истрагата, не може да открие повеќе детали за случајот кој ја потресе Македонија и регионот.

  • „Низа на криминалистички истражни мерки се преземаа во изминатиот период, со цел да се утврдат сите факти кои ќе ги соопштиме во момент кога треба да бидат соопштени. Синоќа до  доцна во ноќта се работеше, исто така, интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возило, со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај”, рече министерот Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој апелира до јавноста да се објавуваат само официјални и објективни информации, за да не се шират повеќе шпекулации и оти предвременото соопштување детали прави проблеми за истрагата. Вчера министерот кажа дека потврда оти на Вања и се губи трагата кај Силбо или кафулето Броз- нема, МВР пак објасни зошто двапати во различно време е пријавено исчезнувањето на Вања.

  • „Мајката на девојчето го пријавила исчезнувањето во 8.35 часот на 27-ми ноември, на телефонскиот број за итни повици, 112. Потоа пријавата е проследена до надлежните институции. Таткото пак, официјално го пријавил исчезнувањето во 11 часот, истиот ден, во полициска станица“, соопштија од МВР.

Шести ден од потрагата, во Македонија и регионот се уште медиумите ја објавуваат фотографијата од лицето на Вања и апел да се помогне за нејзино пронаоѓање.

Реклама

Надлежните информираа дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сведоци, прегледани се видеа од 50 камери, следен е сигналот на телефонот, пребарани се манастири, како и коритото на реката Вардар, а истрагата продолжува.

Инаку, 14-ет годишната Вања Ѓорчевска е висока 175 сантиметри, со кафени очи и темно кафена коса. Носи протези за заби и има бемка на десната страна од лицето.

Никола Цветкоски