Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

(ВО ЖИВО) 30-ти Министерски совет ОБСЕ во Скопје

Со официјални обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со официјални обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума започна Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.

Околу 1.000 делегати од 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на ОБСЕ се во Скопје за 30. Министерски совет на организацијата. Македонија годинава е претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

На министерскиот состанок ќе се разговара за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува, а се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта. Треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

Реклама

Предвидени се и два пропратни настани: Потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ.