Реклама
Македонија

Десет проценти помалку за студентскиот стандард – Владата како да сака да го стимулира иселувањето на младите

Со намалувањето за околу 10% на средствата за студентски стандард, државата покажува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со намалувањето за околу 10% на средствата за студентски стандард, државата покажува дека воопшто не се грижи за својата иднина. Вака поранешниот гласноговорник на средношколците, а сега студент Бленди Ходаи го коментира Предлог буџетот за 2024 година, кадешто освен студентскиот стандард, се предвидува и кратење на парите наменети за наука, кои ќе бидат за 5% помалку во споредба со овогодинешниот Буџет..

    Изјавa- Бленди Ходаи- директор на Форумот за образовни промени.

  „ Сепак не треба да се крати од студентскиот стандард и треба да се инвестира во младите и студентите. Зошто е тоа важно? Бидејќи во иднина, тие што сега јасно говорат ќе раководат со образованието, здравството, државата. Така што ако сега скратиме финансии, буџет, можности кон таа генерација, да знаете дека нема да имаме толку убава иднина“ изјави Бленди Ходаи, директор на Форумот за образовни промени.

Реклама

 По студентски стандард нашата држава е на дното, а иднината на државата мизерува во студентските домови и кујни. Според Ходаи, Скопје е најлош пример во регионот.

   „Во европските земји тие градови каде има универзитети се нарекуват студентски градови и економскиот стандадр на тие градови е прилагоден кон студентите за да им биде полесно да завршат и да го поминат студентското искуство. Скопје е најлош пример за студентски град во регионот бидејќи е поскап за студентите и не обезбедува една средина кадешто студентите би можеле да го доживеат студентското искуство„ изјави Бленди Ходаи, директор на Форумот за образовни промени.

И додека државата ги крати парите за студентски стандард, студентите во домовите го живеат својот крпен живот. Во нивните соби има влага, а сонуваат за топла вода и пристоен оброк.

Александра Ристеска