Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Редици со часови чекаат за документи, а 215 криминалци добија ВИП третман

Под секое достоинство редици граѓани пред хангари со часови чекаат да извадат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под секое достоинство редици граѓани пред хангари со часови чекаат да извадат нови документи, а 215 криминалци добиваа ВИП третман во МВР пред извесно време“, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонските граѓани, при валидни и важечки лични документи, се принудени да вадат нови заради власта на СДС, која ги обврзува да го сторат тоа до февруари. Едно просечно семејство за да извади нови документи треба да потроши над 180 евра, многу време и нерви. Сликите од редици на граѓани кои брзаат да извадат документи потсетуваат на некоја земја од третиот свет, каде што пред хангари, во девалвирачки услови под секое достоинство граѓаните чекаат редици со часови. За ова директна одговорност имаат Оливер Спасовски и владата на СДС. Патем да биде поапсурдно подобри услови за вадење на документи имаа 215 белосветски криминалци, нарко-дилери, убијци, мафијаши и слични ликови кои добија гланц нови пасоши од просториите на МВР со злоупотребен идентитет,  пред само некое време. Тие криминалци имаа ВИП третман во споредба со македонските граѓани кои на дожд, ветер и студено време чекаат пред хангар да се сликаат за документ“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.