Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Зголемената квота за увоз на работната сила од странство – недоволна за компаниите

Зголемувањето на квотата на работни дозволи за странци, ќе го ублажи, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемувањето на квотата на работни дозволи за странци, ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот со недостатокот на работници. Ова  е ставот на Организацијата на работадавачи, откако вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека квотата од 5000 работни дозволи, се зголеми на 7000. Според работодавачите, новата бројка на работници од странство најверојатно ќе биде недоволна за наредната година, ако се земе предвид фактот дека компаниите постојано се соочуват со недостаток од квалификувана работна сила.

„ Во овој момент, зголемените барања за увоз на странски работници на еден начин ќе се реши со зголемувањето на квотата, но јас сум сигурен дека за идната година веќе и оваа бројка ќе биде мала. Информиран сум дека многу компании се во тек на подготвуваање на документација и соработка со разни агенции за увоз на работна сила во Македонија„ изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Но за активистите за работничките права, увозот на работници посебно од Далечниот Исток, може да влијае на цената на трудот на македонскиот работник.

Реклама

„ За да видеме и дополнително се праша за каде се спремаат овие дополнителни 2000работници. Бидејќи вака како што е работата ние немаме одговори каде се моменталните 5000 и за каде ќе бидат останатите плус 2000. Со ваквите изјави и политики, најверојатно се планира да се намали цената на работникот и да се исплаши„изјави Кристина Ампева од Здружението„Гласен текстилец„.

Македонските компании подолго време се соочуват со недостаток од работници, а според вицепремиерот Битиќи на земјава и недостасуват 10.000 работници. Ова, пред се, се однесува на градежништвото, текстилството, како и во услужните дејности и хотелиерството.