Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Крајот на септември е новиот рок на министерот Шаќири за достава на новите учебници

Ништо од најавите дека проблемот со учебниците експресно ќе биде надминат. Две недели по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо од најавите дека проблемот со учебниците експресно ќе биде надминат. Две недели по стартот на учебницата година една третина од учебниците ги нема, а новиот рок кој што го даде министерот Шаќири е крајот на септември. Следната недела јавноста ќе знае колку книги досега се поделени и уште колку основци и средношколци се снаоѓаат со материјали за учење бидејќи и оваа година МОН не стигна да им обезбеди учебници.

– Економскиот оператор секојдневно доставува учебници. Завчера беа донесени последните одлуки од Националната комисија и се одобрија учебниците за албански јазик, природни науки, математика за шесто одделение и мислам дека следната недела ќе имаме точни податоци колку е побарано, колку е доставено и до крај на септември секој учебник ќе биде доставен до училиште – рече Шаќири.

Основците од четврто, петто и шесто одделение треба да учат од дигиталните учебници кои се закачени на платформата на Бирото за развој на образованието.

Реклама

Учениците од четврто и петто ги добија најголемиот дел од материјалите, но учениците од шесто одделение немаат ниту еден од десетте потребни учебници.

И додека се чекаат учебниците, друг скандал го снајде македонскиот образовен систем. Прирачникот за животни вештини за одделенски час за средно училиште стана актуелен во јавноста бидејќи во него се прашуваат средношколците за хетеросуалноста и се наведуваат дека дел херетосексуалците се со ментални нарушувања или пак се ризик за децата во училиштата. Шаќири уверува дека ќе бара мислење од Бирото за развој на образованието, за секое прашање за кое јавноста ќе има забелешки.

Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка? Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка  – ова се само дел од прашањата од Прирачникот, кој е тргнат од сајтот на Бирото, за кои јавноста бурно реагираше, а во Струмица се организираше и протест против образовните реформи со кои се спроверува родовата идеологија и пропаганда.