Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Реакции: Помалите политички партии со остри критики за кривичниот закон, само ЛДП на Зајкова „мудро“ си молчи

Намалувањето на затворските казни на криминалците од највисоките редови и натаму топ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалувањето на затворските казни на криминалците од највисоките редови и натаму топ тема меѓу граѓаните, експертската јавност, но и политичките партии.

Дел од партиите кои се во владејачката коалција, но и дел од помалите партии во опозицискиот блок гласно говорат дека измените на кривичниот законик се своевидна амнестија на криминалците.

Од Декомратски сојуз, партијата со која раководи Павле Трајанов велат дека овие измени широко ги отвораат вратите за натамошна криминализација и го промовираат принципот на легализација на високата корупција од носители на власта.

Реклама

Сосема е извесно дека ова е брутален напад врз владеењето на правото и правдата. Со овие змени се амнестираат од кривична одговорност актуелните функционери, но ќе ги користат и тие што веќе се осудени за ваков вид кривични дела.

Што се однесува на правдањата на власта дека со овој закон се овозможувала конфискација на имот, од партијата на Трајанов појаснуваат –  Криминалците од власта најголем дел од украдените буџетски пари ги префрлаат на странски сметки во даночни рајеви, кои се недостижни за правдата, а сомнителниот имот во Македонија го регистрираат на туѓо име.

ЛДП пак се неми за измените на кривичниот законик, Алфа побара став од нив, но одговор не добивме.

Партијата на Морачанин пак е против овие измени, тие во Собранието гласале против, засега се дел од колацијата, но како што велат ќе следеле сериозни внатрепартиски разговори за што да прават понатаму.
И партиите од опозицискиот албански блок се против како што велат амнестриање на криминалците, БЕСА, Алтернатива и партијата на Меџити велат дека сомнително е тоа што предлог-измената на Кривичниот законик не е потпишана од министерот за правда, туку од неговиот заменик.

Имаме длабоки и основани сомнежи дека измените на Кривичниот законик се предлагаат и затоа што високи експоненти на ДУИ, но и на СДСМ, знаат дека по следните избори ќе бидат во опозиција и затоа сакаат да создадат рамка за да не се гонат кривично. Од што се плашат, тие најдобро знаат, а ние ќе дознаеме дури откако ќе бидеме на власт, кога ќе имаме пристап до сите валкани трикови на оваа антинародна власт, велат од Беса, Алтернатива, Демократско Движење.

Со измените кои експерсно поминаа во собранието, без политичка дебата и со налепено европско знаменце покрај другото, се намалуваат и затворските казни на лицата кои золупотребувале службена положба и овластување.

Мери Симоновска