Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Тетово домаќин на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените

Во Тетово денеска и утре во рамки на претседавањето на Република Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Тетово денеска и утре во рамки на претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ, ќе се одржи првата Конференција на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените, под наше водство и иницијатива како претседавачи.

 Конференцијата, како што најавија од МНР, ќе ја отвори Претседавачот на ОБСЕ за 2023 година министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе се обратат и генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, претседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и сите шефови на автономните институции на ОБСЕ.

 Дводневниот настан, предвидува три работни сесии и четири пропратни панели на кои официјални владини претставници, официјални претставници во рамки на ОБСЕ, професори, истражувачи и познавачи на материјата ќе разменат мислења за особено важни теми како жени, мир и безбедност: зајакнување на женското учество и лидерство; поврзаноста на родот и корупцијата и ублажување на ефектите од корупцијата врз жените; родовата еднаквост во политичкиот живот, успешните практики од теренот за родовите прашања, каде што голем придонес имаат мисиите на ОБСЕ и сл.

Реклама

– Оваа Конференција се надоврзува на Конференцијата „Жените во надворешната политика“, иницијатива на Министерството за надворешни работи, која започна да се одржува во 2021 година, со цел да се зајакне улогата на жената во надворешната политика и да се подигне гласот за родова еднаквост, стои во најавата од МНР.