Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Џафери оди со глава во ѕид – Иако нема дво-третинско мнозинство, седницата за Уставот ќе ја одржи во петок

Талат Цафери не се откажува – собраниската седница за уставните измени останува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Цафери не се откажува – собраниската седница за уставните измени останува закажана за 18 август, односно за овој петок, и покрај тоа што власта е далеку од потребното дво-третинско мнозинство. Од кабинетот на Џафери за Алфа потврдуваат дека 120-те пратеници треба да го скратат одморот и во петок да се соберат на пленарна седница.

Како што налага Деловникот за работа, сите 120 народни избраници најпрво треба да се изјаснат за предложениот дневен ред, кој се носи со 61 глас ЗА. Потоа Џафери отвора претрес односно дебата која може да трае до десет дена. Во овој период пратениците имаат право да излезат на говорница и да говорат по 20 минути, а координаторите по 30 минути. Истото можат да го прават и по повеќе пати во текот на десетте дена.

Потребата и отворањето на Уставот за измени се носи со двотретинско мнозинство, односно за тоа треба да гласаат 80 пратеници, ви спротивно постапката не може да продолжи. Веќе е повеќе од јасно дека опозициските пратеници се против вметнување на Бугарите во Уставот. Предметките на владата покажале дека фалат 8 пратеници, но според шпекулациите глас за уставните амандмани нема да дадат некои пратеници и од владејчкото мнозинство.

Реклама

А додека го нема 2/3 мнозинство спикерот најави дека точката нема да се најде на гласање. 

  • „Тоа го предвидува Деловникот, а го покажува и праксата претходно од слични иницијативи за уставни измени, затоа што Собранието одлучува доколку го има потребно мнозинство за одлучување. Во тие рамки, не можам да претпоставам што и како ќе се случува, но формално Собранието ќе почне со расправа на 18 август, а чинот на гласање дали ќе биде по завршување на расправата или ќе биде одложено, зависи од конкретната состојба на деновите во кои тече расправата“, рече Џафери на 27.07.2023.

Пратениците ВМРО-ДПМНЕ стојат на ставот дека нема да гласаат за уставните измени, а дали ќе учествуваат во собраниските процедури дополнително ќе се изјаснат.

  • „Уставните измени под бугарски диктат нема да поминат. Нека престанат со комбинаторики единствен логичен излез, по падот на легитимитетот на оваа власт во петок ќе бидат предвремени парламентарни избори“ рече Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Уставните измени се однесуваат на додавање делови од народи во преамбулата и во членовите 49 и 78 од Уставот при набројувањето на деловите од народите во земјата. Новиот текст на преамбулата би гласал:

  • „Граѓаните на Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, по зборот бошњачки народ, се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египетскиот народ.

Уставните измени со впишување бугарскиот народ се обврска што беше преземена од Македонија со прифаќањето на Францускиот предлог и отпочнување на преговорите со Европската Унија.

Викторија Миткова