Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Османи од Узбекистан ја започнува посетата на Централна Азија како Претседавач со ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи од утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи од утре ја започнува својата посета на Централна Азија. Во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Претседавачот е посета на Узбекистан и на Казахстан.

Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан каде што ќе оствари средби со државниот врв. Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов,  ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан.

Според програмата, во Ташкент Османи ќе има средба и со Танзила Нарбаева, која претседава со Сенатот на Узбекистан како и со претставници на граѓанското општество.

Реклама

Од Узбекистан, Османи ќе патува во Казахстан каде што исто така ќе има средби со официјалните државни лица, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан.

Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вице-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации.

Регионот на Ценатрална Азија претставува еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојани предизвици, сега засилени и со влијаението од воената агресија од  Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан.

Посетата на Централна Азија претставува реализирање на еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, како и работата на сите теренски мисии на ОБСЕ и поддршка на нивната програмска и проектна соработка со земјите во ЦА.