Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

На следната седница на ЗЕЛС ќе се разговара за Мерко

ЗЕЛС на наредната седница ќе го чешла струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЗЕЛС на наредната седница ќе го чешла струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на кого не му текнува да си поднесе оставка од кога се најде на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.. Претседателот на непрофитната организација на македонските општини, Орце Ѓеорѓиевски,најави дека градоначалниците ќе  отворат дебата за случајот Мерко.

  • „На наредната седница“, рече Ѓеорѓиевски.

ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини,но дека Мерко не можат да го исклучат, рече охридскиот градоначаник Пецаков, кој е член на Управен одбор на ЗЕЛС.

  • “ Дека имаме можност да ги искучиме не, тој не ниту осуден туку е ставен на црна листа на Америка заради корупција итн, која што државата после  ставањето на црна листа кажа дека ќе испитала и видела дека има доста недостароци.Видете, ние не треба да чекаме некој да ни каже дали е корумпиран или не, ние треба  да имаме правосуден систем кој што тоа ќе го работи на дневна основа,неповрзано со градоначалникот или било кој друг”- вели Пецаков, на 03.07.2023 година.

Четиринаесет години,удобно сместен во градоначалничката фотеља, на Рамиз Мерко не му се заминува од лагодната позиција.И покрај скандалот во кој се најде, тој не поднесува оставка од фукцијата градоначалник на Струга.

Реклама

И додека, се чекаат судските и обвинителските извештаи за предметите за Мерко, тој единствено преку Фејсбук статус порача дека ќе ја доставел навреме сета потребна документација, бидејќи секогаш бил транспарентен за органите на правдата. Додека тече четвртиот градоначалнички мандат на Мерко, во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд .

Матичната партија ДУИ се откажа привремено од него со замрзнување на членството, но ниту лидерот Ахмети ниту министерот Османи побараа оставка: Не биле жители на Струга па не можеле да бараат Мерко да си замине од градоначалничката функција.