Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Немањето работна сила – Главен проблем за прилепските фирми, не очекуваат промени на подобро во 2023 год.

Недостатокот на квалификувана работна сила, високите цени на енергенсите, големата инфлација се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостатокот на квалификувана работна сила, високите цени на енергенсите, големата инфлација се најголемите проблеми со кои во 2022-та се соочија прилепските фирми, а кои според нивните очекувања, ќе се прелеат и во 2023-та.

  „Сепак, треба да си го цениме она што го поседуваме како капитал. Македонското стопанство, и покрај специфичните три години, потврди дека е доволно стабилно и цврсто да се носи со сите предизвици“, посочи Јакимоска.

Според претседателката на Регионалната стопанска комора од Прилеп, Ирена Јакимоска, најголемите предизвици ќе бидат во првата половина од новата година година, а веќе во втората половина очекува закрепнување на економијата, па дури и можно зголемување на минималната плата поради енормните поскапувања.

Реклама

  „Ставот на стопанството е дека ние мора да најдеме начин за зголемување на животниот стандард на нашите вработени и на нашата популација се со цел за да можат останат да живеат тука“, кажа Јакимоска.

И покрај сите предизвици со кои се соочуваат и слабата поддршка од државата, прилепските компании успеваат да се изборат со кризата, па дури и да го зголемат бројот на вработени. „Ова можеби звучи парадоксално, но ние сме жилави и не се предаваме“ вели Јакимоска.

   „Зголемувањето на вработувањата се должи заради тоа што македонските извозно-ориентирани компании во овој временски период се соочуваат со позитивен тренд на европските пазари и се едни од поклучните добавувачи во тој систем на добавувачи во Европа и сметам дека е сега баш сериозно, вистинско време каде што можеме да се сконцентрираме на техничко-технолошки раст се со цел за да можеме да ја задржиме нашата конкурентска вредност и за да ги задржиме пазарите во Европа“, објаснува Ирена Јакимоска, претседателка на РСК-Прилеп.     

И покрај се прилепските бизнимени остануваат оптимисти, се надеваат дека новата 2023-та ќе биде подобра од 2022-та година.

Каролина Дурло