Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Струјата ги „изгоре“ па порасна интересот за фотонапонски централи во Штип 

На  триесет фабрики во Штип локалната самоуправа издала решение за  поставување на фотонапонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На  триесет фабрики во Штип локалната самоуправа издала решение за  поставување на фотонапонски панели на кровните конструкции. Користењето на алтернативната енергија донесе поволности и за сопствениците на дивоизградени објекти од лесната индустрија. Со последните измени во Законот за градење, ќе може да ги легализираат, но ќе мора во рок од една година  да постават фотонапонски панели.Ова ќе важи до 26 јануари, наредната година..

  „ Доколку ги исполнуваат стандардите согласно дефинираниот урбанистички план за предвидената градежна парцела , можат да поднесат барање за добивање на одобрение за градење за бесправно изградениот објект. Со тоа што ова барање можат да го поднесат во рок од три месеци„изјави Лазе Хаџиниколов од Одделението за урбанизам при Општина Штип.

Енормниот скок на цената на струјата, пред свршен чин ги стави компаниите. За да го издржат енергетското цунами единствен спас им е поставување на панели. Од Текстилниот кластер укажуваат дека треба да се направи олеснување на постапката за добивање на дозволи.

Реклама

    „Таа инвестиција ќе треба време за да се врати. Се зависи од цената на струјата. Ние бевме доведени во ситуација да поставиме инаку ќе моравме да ја затвориме фирмата. Таква е ситуацијата во повеќето фирми. Толку беше фрапантен тој скок во цените„-изјави Кире Нашков од Текстилниот кластер.

Малку помал е интересот за поставување на вакви електрани на земја. Досега Општина Штип има  издадено  дваесетина одобренија, најчесто на земјиште во приватна сопственост. Најголемата централа во атарот на Штип е со моќност од 8 мегавати. 

Александра Ристевска