Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Инцидент во амбулантата за Спортска медицина во прилепскиот Центар за јавно здравје, вербално и физички нападнат лекар – специјалист ?!

       Правото на користење на апаратот за стрес-тест, a со години сметстен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Правото на користење на апаратот за стрес-тест, a со години сметстен во амбулантата за Спортска медицина при ЦЈЗ во Прилеп, ги скара лекарот-специјалист д-р Гоце Јонзоски и директорката на Болницата, Кети Смилеска. Распаравијата кулминирала со насилничко однесување на двајца вработени во Болницата врз докторот, а во присуство на директорката, вели д-р Јонзоски.

     „Иако многу пати се договоривме дека апаратот не треба да се одземе, туку да биде тука, таа продолжуваше со заканите. Кога дојдоа двајцата насилници, по нејзин налог, тие ме фатија на сила. Јас, сите видливи повреди што ми ги нанесоа ги евидентирав во медицинска документација. Значи, ова е лудило“, ни рече за Алфа, видно вознемирен д-р Гоце Јонзоски.

  Јонзоски тврди дека во Интерното одделение има Стрес-тест апарат, но тој со години бил расипан, па директорката сега се обидувала вака, со одземање на други апарати да се пофали дека се грижи за пациентите.

Реклама

  „Проблемот е што апаратот на Интерно одделение му бил расипан повеќе од 10 години. Јас не видов дека има писмено барање од тој началникот на Интерно, тој Златко Савоски, што и тој глуми голем мангуп дека ќе ме решел мене“, – објаснува Јонзоски.

  Директорката на Болницата пак, Кети Смилеска, денеска на прес-конференција се пофали дека за Интерното одделение бил обезбеден апарат за стерс-тест, без притоа да го спомене инцидентот. Одговарајќи на прашањето на Алфа, таа демантираше дека имало физичка пресметка.

  „Да, бев присутна во својство на работодавач, заради тоа што вработените коишто требаше да го дислоцираат апаратот, добија од мене налог врз основа на Одлуката на стручниот колегиум. Но, беа спречени од докторот по спортска медицина да се реализира тој налог“ – рече Кети Смилеска, директорка на Општа болница – Прилеп. 

  Нападнатиот доктор, освен што извадил медицински потврди за нанесените повреди, случајот го пријавил и во Полиција и вели дека правдата ќе ја бара на Суд, бидејќи се сомнева и во политичка позадина на настанот.

  Каролина Дурло