Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Авионите за гаснење пожари се на сервис, а тендерот за нивно сервисирање е во застој

Признание на в.д. директорот на центарот за управување со кризи, можностите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Признание на в.д. директорот на центарот за управување со кризи, можностите за гаснење на пожари биле лимитирани, спас бараат со апели до граѓаните, да биле внимателни.

Луѓето биле виновни за дел од пожарите ширум Македонија, па упати порака да не се палат скари, оти ресурси за гаснење на пожари нема на претек.

Ги повикуваме сите граѓани да пријават опасност, односно да пријават пожар доколку го забележат на било кое место, веднаш да се јават на бројот 195, тоа е бројот на центарот за управување со кризи, или на бројот 193. Можност за одоговор на пожари, односно можностите за гаснење се лимитирани, рече Ангелов.

Реклама

Во скандалозната изјава Ангелов апелираше и до сите градоначалници да се погрижат нивната територијална противпожарна единица и тимовите, кои со закон се должни да ги имаат, да ги зајакнат и со опрема, но и со бројност, за да можат да пружат прв одговор при појава на посериозни пожари на отворено или шумски пожари.

Ангелов упатува пораки до првите луѓе на општините да ги зајакнат свотие тимови со опрема, но останува се уште отоврено прашањето, зошто токму институцијата на чие чело е токму тој, има лимитирани можности за гаснење на пожари.

Иако имаме малку ресурси за справување со пожари и тие не ги користиме целосно. Канадерите кои ги има во Македонија не се користат, оти не се сервисирани – сервисот бил скап. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Бесим Максути вели дека  постапката за избор на фирма која ќе ги сервисира е во тек.

„Тие не се сервисираат во земјата, а би сакал да споделам дека уште пострашно е што во досегашната пракса се појавува само еден оператор кој од година во година ни ги зголемува побарувањата, кои се надвор од буџетските средства кои Дирекцијата ги има. Ние секоја година од операторот добиваме поголемо побарување за 30 до 40 отсто. Ни одат премногу средства, а не добиваме навреме сервисирани и готови авиони за гаснење пожар“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Максути во интервју за Радио Слободна Европа.

Проблемот за справување со пожари се јавува и во бројот на противпожарни возила, кои ги има само нешто над 200 и се со просечна старост од 28 години.

Мери Ѓорѓиевска