Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манастирот во Курбиново недостапен за посетители, допрва чека реставратори

Манастирот “Свети Ѓорги “ во Курбиново, големото христијанско светилиште со ѕидно сликарство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Манастирот “Свети Ѓорги “ во Курбиново, големото христијанско светилиште со ѕидно сликарство вреднувано во светски рамки, никако да го доживее блесокот на туристичката валоризација, ниту сериозно да отпочне процесот на негова заштита. Деновиве, го посетивме за да се поклониме пред светците на овој величествен вакав, но наидовме на несекојдневна глетка. Надлежните за неговата заштита, кои лани до 30 декември нешто работеа, го ставија под каатнец и засега абер нема ниту од најавуваните конзерватори од Германија, ниту од било што друго, иако од Култура се одвоија три милиони денари.

–Овој манастир опстојувал долги години, а оваа година е јубилејна и ќе дочекаме 830 години, но како што гледате, затворен е од сите страни со четири катанци. Не знам зошто, бидејќи се вршеле многу реставрации, реконструкции и конзервации, но вака не било. По мое мислење, изведувачот или оној што е поставен од Заводот за заштита на спомениците, го затвори овој простор во и околу манастирот, за да не се гледа овој срам од неработењето. Веќе девет години се реконструира, па вака ако продолжи ќе тераат уште десеттина години- рече Митко Ристевски, кој четириесет години со фамилијата е клучар  се грижи за манастирот.

Од Завод и музеј- Битола, лани ги најавуваа германските конзерватори, но не дошле поради пандемијата. Курбиновци, сметаат дека проблемите за застојот се поинакви.

Реклама

-Застојот е пред с`е од “газдите“ што се прават на овој манастир од Завод и музеј- Битола. Или немаат кадри, или немаат време, или пак не ги бива за изведување на оваа работа– вели клучарот од Курбиново.

Жалната состојба ја надополни, нашата случајна средба во Курбиново со американски туристи.

-Имавме слушнато пред три- четири години и дојдовме тука со пријатели. Сега бевме во Охрид, па рековме ајде пак да го видиме– рече Андреј Спредли.

–Фреските што ги има внатре многу се убави. Кога бевме минатиот пат, беше прекрасно.—Треба да се чува, ама треба и да се види. Нека биде достапно за луѓето– рече неговата сопруга Недин Спредли, кога дозна дека Курбиново е под катанец.

Во црната курбиновска слика, впечатокот го заокружи руинираниот пат за кој три години постои проект, но те бил локален, те регионален, а општинарите сега повторно ја бараат надлежноста, решени да го направат. Па, кој знае? А обезличеноста на вакавот, едноставно, не се заборава.

-Со четири катанци чуван, непристапен ниту за семејството кое со децении го чувало, а уште помалку за намерници од Македонија и цел свет, кои сакаат да го видат. Вака, како што велат домакините, сега му се зема и душата. / ст. ап/

Петар Стефановски