Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Ќе има ли спас со петтиот пакет мерки, досегашните четири речиси без ефект

Бизнисите тонат, а власта најавува нов петти пакет на мерки. Досегашните четири,…

Сподели:

Бизнисите тонат, а власта најавува нов петти пакет на мерки. Досегашните четири, според стопанствениците не дале ефект за помош на фирмите, зашто клуч на врата ставиле над 4.000 компании, а повеќе од 40.000 граѓани останаа на улица. Според бизнисмените, мерките мора да бидат насочени кон малите и средните компании бидејќи тие се најмногубројни во Македонија.

За спас на бизнисите, од Стопанската комора на Северозападна Македонија, до Владата испорача повеќе барања. Ликвидноста на компаниите да биде во фокусот на петтиот пакет антикризни мерки.

  • Токму малите и средните претпријатија ќе бидат во фокусот на петтиот економски пакет, но истакна дека досега поради здравствено-економската криза над четири илјади правни субјекти се затворени. Фактот што повеќе од 4.000 компании се затворија доволно зборува за неопходноста од пари за одржување на ликвидноста, посочи Хоџа.

Ставот на коморите е дека државната помош за исплата на плати треба да им се префрла директно на сметките на вработените за да нема злоупотреби, а Владата треба да најде начин да обезбеди пари за мерката и за овој месец.

Реклама

Коморите апелираат час поскоро да се донесат протоколи за работа во туризмот како еден од најпогодените сектори.

  • Потребно и поттикнување на извозот, преку поддршката кон производителите ориентирани кон извоз, како и нивно промовирање преку дипломатските мисии, целен пристан на владината поддршка кон домашните компании и транспарентност на расходот на буџетските средства за борбата против пандемијата. Да се обезбеди протоколи за работа на компаниите од областа на туризмот, за да можат тие да ја извршуваат својата дејност и да обезбедат ликвидност и зачувување на работните места, бидејќи овој сектор вработува над 30.000 лица, додава Хоџа.

За бизнисите да мрднат кон подобро, Владата да се фокусира на започнување на процесот на вакцинација. Исто така, за да се стимулира економската активност потребно е реализирање на капиталните расходи во стапка од минимум 85%, како и основање на посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори.

Борис Грујоски