Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Нема повеќе платежни картички, помошта за најзагрозените директно на трансакциска

Не преку картички, туку директно на трансакциски сметки ќе легне помошта за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не преку картички, туку директно на трансакциски сметки ќе легне помошта за најзагрозените категории граѓани. Владата сакала да заштеди на изработка на картички кои претходно паднаа на грбот на банките, па сега тешко дека ќе има начин да исконтролира дали парите се трошат на македонски производи како што беше замислена мерката или не. Министерот за финансии Фатмир Бесими тврди дека оваа евиденција ќе ја водат банките. Сепак, оваа одлука отвора еден неодговорени прашања. Како ќе се знае на што ќе се трошат парите кога луѓето можат едноставно да си ги извадат парите од сметка и да плаќаат во кеш? Како некој ќе знае кога точно го потрошил максимумот од 6 илјади денари исклучиво на македонски производи? И можеби најважното, ако се потрошат сите пари, но не само на домашни продукти, дали луѓето ќе треба да ги враќаат парите назад? Според одговорите на Бесими се добива впечаток дека овојпат се гледа да се помогне на загрозените граѓани, но не и да се заштити македонското производство.

Управата за јавни приходи, пак, недоволно го пролонгира рокот до кој фирмите ќе можат да поднесуваат барања за субвенции за исплата на плати. Рокот се одложува до 10-ти ноември, до вторник, што значи дека компаниите имаат само два дена за аплицирање. Помошта варира од 14.500 до 21.776 денари по работник зависно од падот на приходи на компанијата. УЈП треба да ја потврди пресметката во рок од 3 дена. Сметководителите со недели претходно се жалеа дека поради доцнењето на ребалансот и законот, многу фирми нема да можат навреме да аплицираат. И додека компаниите алармираат дека ќе доцнат платите на над 100 илјади работници, од УЈП смируваат дека исплатите ќе се извршат навреме.

За да добијат помош за исплата на плати, фирмите треба да исполнуваат 9 услови. Меѓу нив, да имаат пониски приходи за најмалку 30% во периодот од април до септември споредено со истиот период лани, да не отпуштале вработени до крајот на август, освен ако се работи за смрт, пензионирање, отказ од страна на работникот или даден отказ по дисциплинска постапка, судска пресуда или трајна неспособност, како и да не делат дивиденди и други награди. Ако фирмите ја злоупотребат помошта ќе следуваат казни. И покрај тоа што ги објави со задоцнување изигрувањата од страна на компаниите, Лукаревска тврди дека овојпат ќе имало ригорозни контроли и дека претходно освен глоби имало и блокирање на сметки.

Реклама

Тања Попова