Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мицкоски: Мандатот на Владата е четири години, но ако опозицијата побара избори ќе договориме термин и ќе ги победиме

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години.  

– Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 година. Се уште имаме техничка Влада. Значи крајот на оваа политичка Влада би требало да биде некаде крајот на 2027 година така што тоа се оние параметри коишто можам јас сега да ги кажам и врз основа на кои добивме доверба од граѓаните – рече Мицкоски во интервју за една од националните телевизии.

На прашањето што може да го предомисли, тој рече дека логично е опозицијата да сака да биде Влада затоа што мисли дека може да биде подобра од Владата и ако опозицијата побара предвремени парламентарни избори тогаш како Влада тие се подготвени за лидерска средба, да се договори термин и да се оди на предвремени парламентарени избори.

Реклама

– Нема да бегаме, се разбира. Затоа јас велам, мандатот наш е за четири години и за толкав период сме добиле поддршка од граѓаните да испорачаме реформи, но доколку имаме фрлена ракавица од страна на опозицијата, нормално е нема ние кукавички да бегаме од избори. Напротив ние сме подготвени во секое време да излеземе и да ги победиме – изјави премиерот Мицкоски.