Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нов ден и нови црни биланси – во Македонија единствено функционира богатењето на мафијата на власт

Нов ден, нов црн биланс во справувањето со корона вирусот. За едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден, нов црн биланс во справувањето со корона вирусот. За едно деноноќие се бележат 112 нови заразени и 8 починати. Очигледно дека министерот Филипче премногу време посветува на својот градежен бизнис наместо да се справува со епидемијата и последиците од неа. Светот ќе влезе во вториот бран, а ние уште не се знае дали завршивме и со првиот бран од епидемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Македонија според Би Би Си е рекордер во регионот по смртност на 100 илјади жители.

-Филипче вели се е под контрола, дека живееме во нова нормалност, а секој ден бележиме огромен број заболени и починати. Македонија достигна 17.700 заразени и скоро 740 починати. Уште не почнат вториот бран , а македонското здравство е пред колапс. Но оваа мафија на власт не потфрли само во справувањето со здравствената криза, туку потфрла и во аспектот на економијата и образованието. Економијата е клекната на колена. Македонија има еден од најголемите падови на економијата во споредба со останатите земји, односно БДП за едно тримесечие бележи пад од 12,7%. Долгот на државата за само три месеци е зголемен за нови 1 милијарда евра, а за истиот тримесечен период 40 илјади лица останале без работа, а дополнително уште толку не земаат редовна плата. На ден пред почнувањето на новата училишна година платформата за онлајн настава на министерството за образование не функционира. Владее хаос. Иако го одложија почетокот на училишната година за еден месец дури сега им текна да тестираат платформи, да спроведуваат обуки и да креираат планови. Состојбата во државата е резултат на неспособната власт. Ниту еден систем не функционира, освен системот на организиран криминал и корупција кој овозможува богатење на мафијата на власт и осиромашување на народот, се наведува во партиското соопштение.