Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја намалуваше цената на струјата и книжеше профит за ЕЛЕМ, со СДСМ претпријатието е во загуба, а народот плаќа поскапа струја

Граѓаните денес, поради Зоран Заев ја плаќаат најскапата струја во историјата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните денес, поради Зоран Заев ја плаќаат најскапата струја во историјата на Република Македонија. Во ек на коронакриза кога секаде во светот имаше повластувања и намалување, Заев ја покачи цената на струјата за тој и неговите блиски да полнат џеб, додека народот нема ни за леб, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секогаш воделе грижа за граѓаните. Додека Христијан Мицкоски бил дел од секторот енергетика, како советник на Претседателот на Влада, а подоцна и како директор на ЕЛЕМ имаме континуиран пад на цената на струјата. Првото покачување следува со Зоран Заев. Кога Христијан Мицкоски ја напушти челната позиција во ЕЛЕМ, претпријатието го остава со 25 милиони евра депозит и 6.8 милиони евра на сметка. И со сите тековни обврски подмирени. Мицкоски го остава ЕЛЕМ во раце на СДСМ како целосно оперативно, ликвидно и солвентно претпријатие. Сега претпријатието нема ниту денар на сметка. А слабата финансиска кондиција се користи како оправдување за покачувањето на цената на струјата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Мицкоски знаеше да менаџира и да управува умешно со претпријатието, притоа да ја намалуваше цената на струјата, и во исто време книжеше профит за ЕЛЕМ, а СДСМ генерира загуби и ја покачува цената на струјата.

Реклама

-Со СДСМ ЕЛЕМ само пропаѓа, а пропаѓа затоа што парите од истото се користат за покривање на милионски тендери со цел полнење на џебовите на струмичките газди чии камиони вртат во РЕК, задоволување на апетитите на финансиерите на СДСМ како Силјан Мицевски кој доби тендер од 6.8 милиони евра, и струмичката агенција за обезбедување која преку универзалниот снабдувач за електрична енергија испумпа 16.7 милиони евра откако е СДСМ дојдена на власт до сега. СДСМ зема од народот за да има повеќе за фирмите блиски до нив. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.