Реклама

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Македонија

Во Македонија се води полемика, во Англија наставата никогаш не престана

Охриѓанката Александра Лаброски која 7 години живее во Англија,раскажува како таму функцонира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охриѓанката Александра Лаброски која 7 години живее во Англија,раскажува како таму функцонира образовниот систем.Во почетокот вели, бевме многу исплашени,ужаснати бевме од помислата како ќе ги заштитиме најмилите кои и покрај пандемијата, не престана да посетуваат настава.

– Децата ги носиме само до влезoт од училиштето,од каде ги превземаат учителките. Од нив добивме ветување дека покрај тоа што ќе внимаваат на личната хигиена на децата, ќе одржуваат дистанца меѓу нив, што набрзо се покажа дека е неизводливо.Веднаш се поделија во мали групи кои не се мешаат едни со други.Иако наставниците не носат маски, ниту едно дете не  заболи од коронаворус, бидејќи свеста кај народот е на многу високо ниво”-додава нашата соговорничка.

“Искрено, мислев дека во Англија си повеќе на ризик затоа што не знаеш со какви луѓе ќе се сретнеш секојдневно,што ќе ти донесе детето од училиште кое со меша со разни деца нели.Но ние како држава немаме таков капацитет, да не споредува со Англија далеку сме од нив, но однос на многу други држави мислам дека не се справуваме во најдобар ред.” – вели Александра Лаброски.

Реклама

Пред влезот во училиштето,учителите на децата им мерат температура,а ние добивме препораки да бидеме претпазливи,да го следиме здравјето на нашите деца и доколку појават симптоми да ги информираме,по што во рок од 24 часа сите деца ќе се теситраат,но за среќа со такви нешто не сме се соочиле.

“Никој не  очекуваше дека за толку брзо време ќе можат да се снајдат и да направат еден многу добар терк за учениците да не се почувствуваат дека се изолирани просто. Мислиш дека ова не одење на училиште ќе ги претвори во асоцијални дечиња? Да, да може многу подобро да се реши, нормално прво одделение децата не можат да учат онлајн,но имаше интересни случаи во Англија, каде имаше помали школи кои не можат да организираат т.н балони, го имаа направено да речеме три дена во неделата една група, па другите 3 дена другата група.” изјави Лаброски.

Родителите два пати во денот можат да ги носат децата на спортување. На училиште не одат само децата кои имаат одредени заболувања и тие учат онлајн.Сите останати како до сега,така и од септември настава ќе посетуваат во училишните клупи -завршува Лаброски.

 

 Росица Голабоска