Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: Еден верски лидер отворено ни кажа дека овде само „рушвет“ поминува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Што не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа вели дека власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес, додавајќи дека дури се случувало парите кои што биле наменети за поткуп да бидат украдени, но веднаш да донесат нови пари.

Пример кој што се кажува низ кулоарите да речеме во Кавадарци  каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во  Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па дошле неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ се соочил со тоа верски лидер да го праша дали носи „рушвет“ посочувајќи му дека нивниот политички противник донеле како што рече тој „рушвет“ и дека таму само тоа поминува.

Реклама

Наш претставник, би рекол носител на листа оди во посета на верски лидер во тоа населено место и верскиот лидер му вели дали носи пари за рушвет, буквално вака, овој му вели молам како, што? Па ете дали носиш пари за рушвет бидејќи вашите политички противници поминаа утрово и донесоа, а тебе те примам зошто те носи овој и овој човек. И навистина кога ќе се соочите со една таква работа, со оној институционален но и вонинституционален начин на однесување, тогаш можете да кажете и буквално преку докази да презентирате многу случаи. Но, за жал сето тоа не оценувам дека ќе биде предмет на опсервација во скоро време од страна на обвинителството бидејќи за нив се поинтересни некои други работи, вели Мицкоски.