Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Како да не видела ништо: Шекеринска си тера кампања, но два дена молчи за „бомбата“!

Радмила Шекеринска како да не ја видела бомбата на која таа наводно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Радмила Шекеринска како да не ја видела бомбата на која таа наводно е на гости во домот на Боки 13 заедно со Катица Јанева. Веќе втор молк на оваа тема од министерката за одбрана, која иако си тера кампања низ Македонија не кажува ни збор за овој видео материјал.

Додека Шекеринска молчи, реагираа од СДСМ. Од таму за Алфа не демантираат дека на снимката е министерката, но сепак наместо прецизен одговор, решија да ја нападнат опозицијата.

-Фотографии и видеа кои со месеци се пласираат од ВМРО ДПМНЕ со цел да се прикаже наводна поврзаност на министрите на СДСМ со веќе осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева се јалов обид за дискредитација во кампањата. Правната разрешница на овој случај е најдобриот демант за тоа дека министерката Шеќеринска или било кој друг од СДСМ е инволвиран во овој случај, велат за Алфа од СДСМ.

Реклама

Од Левица велат дека ова покажувало поврзаност на функционерите на СДСМ со криминални дејствија.

-Последните видео-снимки, кои јасно ја покажуваат Радмила Шеќеринска во неформална дружба со сега осудените рекетарски пиуни, Катица Јанева и Боки 13, само потврдуваат дека криминалот е длабоко впишан во кодот на високите функционери на СДС. Снимката сликовито го демонстрира тоа што сите го знаеме, дека Катица Јанева и Боки 13 биле само мала алатка во мафијашкиот систем под директна контрола на високите ешалони од Власта, велат од Левица.

Одговори бараат и од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат што крие Шекеринска и за што се разговарало на тие средби.

-Што ли уште треба да се појави во јавноста за конечно да се расчисти главата, нарачателите и главните луѓе во случајот „Рекет“? За потсетување, телефоните на сега обвинетите не се вештачени, иако беше посочувано од осудените среде судот, среде судскиот процес за „Рекет“. Беше барано, а ЈО молчи и одби вештачење на телефоните на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и шефот на Радмила Шекеринска!, изјави Наум Стоилковски, портпарол на СДСМ.

Јавноста чека одговори на прашањата дали Шекеринска е на снимката, и доколку е за што разговарала со осудените во „Рекет“, но министерката се уште молчи.

Матеја Петровски