Реклама

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Македонија

Сонцето од Кутлеш светна во Пелагониското поле

Двесте и педесет знамиња со сонцето од Кутлеш, жителите од пелагониските села…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двесте и педесет знамиња со сонцето од Кутлеш, жителите од пелагониските села во Општината Могила, па и неколку во Новаци, ги поставија на своите куќи и во дворовите, за да покажат колку си ја сакаат татковината и колку ја негуваат паметената историја, пренесувана од колено колено, преку генерациската меморија на нивните дедовци и предедовци. Денеска, екипата на Алфа ги обиколи Могила, Добрушево и Мусинци, а црвениот декор со шеснаесеткракото жолто сонце беше распослан низ Пелагонија со силен патриотски наплив.

– Било македонско знаме и треба да остане. Со овој Преспански договор сакаа да сменат с`е, ама кај нас не успеаја- рече Јоцко Здравевски од с. Мусинци.- Преспанскиот договор е уништување на нашата држава, на македонскиот јазик и на знамето.-рече Силјан Груевски.- Со знамето Македонец сум бил и ќе бидам- рече Душко Бошковски.- Јас знамето ќе го поставам оти е македонско- рече Златко Аспровски.- Јас сум Македонец и Македонец ќе останам- рече Рубин Андоновски- да си го зачуваме нашиот идентитет со традиција наназат, бидејќи сме најстара библиска земја- рече Никола Талевски од с. Могила.

Сепак, некој се обидува да ги заплаше тукашните жители, иако знамињата си ги поставуваат на приватен имот.

Реклама

– Полицијата пак прави притисоци по куќите, земаш изјави, дали се надвор знамињата, ама сите знамиња се на приватен имот- рече Борче Бучински, советник во Општината,- Пред три дена кладовме знаме со сонцето, ама некој ми го изади ноќеска и кој како, не знам- рече Цена Мрмачевска од с. Могила.- Знамето го калдов на куќа и сега поради ова знаме останв без парче леб- рече пред некој ден Јован пецуровски од Новаци, кој беше избркан од работа.

Средствата за купување на знамињата ги обезбедија нашинците од австралиската дијаспора, или како што се нарекуваат- македонски патриоти, организирани во друштвото “Димче Могилчето“ од Мелбурн.

Петар Стефановски