Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Од среда 1 јули задолжителен формулар и баркод за влез на сите туристи во Грција

Грција, ги објави протоколите за влез на туристи во земјата, од 1-…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција, ги објави протоколите за влез на туристи во земјата, од 1- ви јули. Специјален образец, со лични податоци, адреса и траење на  престојот во Грција, ќе треба задолжително да пополнат, најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние,  кои од среда, 1- ви јули, планираат да патуваат во Грција, без разлика, дали со авион, со брод, или преку копно. Според протоколите за пристигнувања во Грција, сите патници, ќе треба да пополнат образец за локација, по што, ќе добијат единствен баркод, според кој, ќе се врши селекција на  патниците,  кои ќе бидат тестирани за ковид-19. Образецот, во електронска, или отпечатена верзија, посетителите во Грција, ќе треба да го покажат, при пристигнувањето на граничниот премин, на аеродромот или на пристаништето. Во зависност од баркодот на секое лице, патниците, или ќе бидат однесени во делот за тестирање или ќе им биде дозволено да го продолжат патувањето кон нивната дестинација, но ќе добијат информации и упатства од граничните службеници – што би требало да направат, во случај, да им се појават симптоми. Доколку туристот, планира да посети неколку места во Грција, ќе мора, за тоа детално да ги информира грчките власти. Македонските државјани, се единствените во регионот, кои во моментов, не се засегнати од строгите грчки протоколи, со оглед на тоа, што, не ќе може да влезат во земјите на европската унија, по официјалното отворање на нивните граници, најавено, за 1-ви јули.