Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Димитриевски : Постапката за избор на ректор треба веднаш да се стопира

Универзитетскиот професор, Драги Димитриевски смета дека постапката за избор на ректор треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетскиот професор, Драги Димитриевски смета дека постапката за избор на ректор треба веднаш да се стопира и истата да биде продолжена по завршувањето на парламентарните избори. Само така вели професорот Димитриевски изборите што ќе се одржат ќе бидат легални и легитимни.

  •  После вчерашниот ден кога и дел од замениците на избраните членови на комисијата си дадоа оставки, веќе целата постапка може да се каже дека треба да се прекине. Сметам и длабоко сум уверен дека оваа постапка за ректор треба да запре. Треба да се почека како што и самата Комисија за спречување корупција наведува да завршат парламентарните избори, да се формира парламент , да се формира влада и после тоа дали во повторна или истата постапка, во една процедура легална, транспарентна се изврши изборот на ректор бидејќи кој и да биде избран во една ваква постапка во време кога не постои универзитетската изборна комисија кој и да биде избран ќе го нема легимитетот на најдобриот и најстариот Универзитет во Македонија вели професор д-р. Драги Димитриевски- универзитетски професор.

Професорот воедно и кандидат за ректор на УКИМ ги оправдува реакциите од страна на независниот академски синдикат, а и денешното соопштение од Факултетот за драмски уметности дека едногласно одлучиле да не учествуваат на изборите за ректор закажани за 26-ти месецов.

  • Советот смета дека изнасилените избори на 26.06.2020, не само што не може да бидат легални и легитимни, туку, за жал, им недостасуваат елементарни морални и етички основи кои се очекуваат од која било академска заедница- стои во соопштението од Совет на Факултет за драмски уметности при УКИМ.

Независниот академски синдикат веќе неколку пати алармира дека организаторите противзаконски ги тераат изборите за ректор на УКИМ. Го повикуваат министерот Адеми веднаш да го стопира изборот, во спротивно ќе ја загрози универзитетската автономија.

Реклама

Викторија Миткова