Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Кластер СДСМ – Станува ли партијата корона жариште?

Станува ли СДСМ корона жариште? Се загрозува ли здравјето на граѓаните со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станува ли СДСМ корона жариште? Се загрозува ли здравјето на граѓаните со терање на изборна кампања во време на пандемија? Партиските активности на СДСМ ја ставија цела изборна единица 2 во самоизолација, оти со Лукаревска – која е позитивна на Корона работеле на терен.
Социјалните мрежи по позитивниот резултат на Лукаревска за Ковид 19 вријат, луѓето прашуваат зошто одела на терен ако се тестирала и чекала одговор од здраствените институции.
Лукаревска се брани не била тестирана кога делела маски туку вечерта по завршување на активноста.
Строго ги демантирам дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред вчерашната посета во Куманово.
Досетливите на твитер по кластерот Ифтар, самоизолацијата на огромен број на челнови на СДСМ ја нарекоа кластер СДСМ.
Од денеска во домашна изолација е и портпаролката на социјалдемократите Богданка Кузевска, а и дома ќе седи и советникот на техничкиот премиер Фатмир Битиќи…веста дека ќе бидат изолирани ја споделија на социјалните мрежи.
Поц информациите дека Лукаревска и Зекири се заразени, во самозиоалција се и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вицепремиерката Мила Царовска, националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, техничкиот премиер Оливер Спасовски, дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, Директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Во домашен карантин е и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.
Во последните два дена Министерството за внатрешни работи им издаде решенија за изолација на дури 523 лица, а 114 лица потпишале изјави за самоизолација.

Мери Ѓорѓиевска