Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Чекор напред, назад два – локализирано враќање на полицискиот час

Корона мерки по принципот пу пу неважи – надлежните повторно се пишманија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корона мерки по принципот пу пу неважи – надлежните повторно се пишманија. Откако пред не цела седмица, без најава и преку ноќ одлучија целосно да ги укинат рестриктивните мерки, денеска повторно најавуваат воведување на полицискиот час. Грешка во процените очигледно има, но каде е направена?

„Ќе ја следиме состојбата во следните два до три дена. За дополнитечлни рестриктивни мерки се смета карантин за оние делови каде има поголем број на пациенти“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче се правда – Комисијата направила анализа за да предложи укинување на мерките, но граѓаните, вели, биле недисциплинирани.

Реклама

„Добар дел од сите сега новодијагностицирани пациенти имале комуникација и биле заразени кога имаше ограничување на движењето“, вели министерот.

Последните одлуки на Комисијата за нов полициски час го револтираа докторот по општа медицина, Ненад Лазаров. Тој преку социјалните мрежи побара оставки.

„Нов состав на Комисијата за заразни болести веднаш. Составена од фелата, не од Владата!“, пиша тој.

Сепак, дилемата и натаму останува – дали неочекуваното олеснување на мерките беше тактичка стратегија на власта за да се покаже оти земјава се враќа во т.н. нова нормалност зад која се крие желбата на СДСМ за брзи избори?

Од друга страна, експертите со месеци предупредуваа дека во борбата со корона вирусот неопходен е колективен имунитет. Во телефонски разговор за Алфа, доктор Вело Марковски вели дека пикот или се случува сега или допрва ќе дојде. Тој уште од почетокот на кризата советуваше оти колективен имунитет не се прави под рестрикции и дека на тој начин на земјава ќе и бидат потребни 2 до 3 години за да го стави вирусот под контрола, период во кој би следеле и големи економски штети.

И микробиологот доктор Никола Пановски алармираше дека наглото укинување на мерките било избрзано, но и тој смета дека создавањето на колективен имунитет мора да биде под строги протоколи, држење на физичка дистанца, заштита и изолација на старите и болни лица, со цел помладите први да се заразат и да се имунизираат по природен пат.

Биљана Божиновска