Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски побара разрешување на Комисијата за заразни болести

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски побара разрешување на Комисијата за заразни болести…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски побара разрешување на Комисијата за заразни болести и формирање нова. Според него, новото тело треба да биде составено од непартиски професионалци со морален интегритет. Тој смета дека постои сомнеж во нивните проценки за мерките кои треба да се преземат и дека членовите работеле според политички интереси, а не за да го заштитат здравјето на граѓаните. Мицкоски вели дека дел од нив имаат политички амбиции и носат одлуки по налог на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. Точно е дека јас и целата јавност безрезервно дадовме поддршка на почетокот зашто верувавме дека се водат по водат по Хипократовата заклетва ама се покажа дека се водат по заевиот диктат. Повеќето од членовите се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции, Караџовски. Барам да се разреши комисијата и да се формира ново тело од натпартиски професионалци“ – изјави Мицкоски.

За ВМРО-ДПМНЕ одлуката на претседателот Пендаровски за продолжување на вонредната состојба за 14 дена е очекувана и покрај тоа што вонредна состојба се прогласувала и кога имало помалку заразени и починати. Мицкоски уверува дека партијата е подготвена за избори во кое било време, но потенцира дека е неблагодарно да се зборува за конкретен датум во момент кога бројот на заразени е повторно во подем.

Реклама

Мицкоски не ја гледа вината за новите зголемени бројки на заразени со Ковид 19 кај населението, ниту пак кај министерот за внатрешни работи. Вели одговорноста е кај Владата која ги прави проценките и мерките.

Тања Попова