Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Границите се отвораат, туроператорите се уште во неизвесност

Грција пред се, потоа Турција, Шпанија, Италија, Малта и други подалечни дестинации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција пред се, потоа Турција, Шпанија, Италија, Малта и други подалечни дестинации беа вообичаена  практика на дваесеттина илјади битолчани секое лето, но пандемијата си го стори своето и сега владее голема неизвесност во конзулскиот град, дали, каде, како и кога да се користи годишен одмор. Први кои го почуствуваа ударот од мерките се туроператорите кои си имаат свои гајлиња и многу прашалници, пред отворањето на границите.

  • Тешкиот период ќе продолжи и понатаму. Значи, колку и да има интерес ова лето з апатување, сепак, летната сезона не може да биде како обична сезона и не ќе можеме да застаниме на здрави нозе- рече Маја Мицевска од ТА “Теотравел“. – нема да биде како што беше и ќе го нема оној масовен туризам со огромен број на патници да патуваат и сега малку се свртивме кон домашниот туризам- рече Никола Митревски од ТА “Ариес“.- Она што го имавме како информација од нашите партнери во грција, објектите таму с евеќе подготвени и имаат изготвени здравствени протоколи што ќе мораат да се почитуваат- рече Елизабета Кочева Јосифовска од ЈК Травел.

Мерките што ги понуди техничката влада не се доволни, но сепак, барем засега, ниту една туристичка агенција не се откажува од понатамошна работа и нема да ги зголемуваат цените.

  • Искористивме дел од мерките што ни ги понуди државата кои објективно ни беа потребни како најпогодени, но сите знаеме дека мерките се слаби, можеби и најслаби на Балканот, но толку е и силата на оваа држава- рече Митревски.- Нашите клиенти најмногу беа заинтересирани з аваучерите и речиси сите ги подигнаа, а малку мина ги откажаа аранжманите рече Јосифовска.- ја искористивме мерката за 14. 500 денари плата по вработен, но во однос на кредитите, бевме одбиени за кредитот Ковид- 1- рече Мицевска.

Во Битола има 21 туристичка агенција и за нив добриот абер доаѓа од грчките партнери кои за уплатените аранжмани им нудат можност евентуално да ги искористат идната година, ако не можат сега. Најнеизвесен е ризикот за евентуално заболување од ковид- 19, бидејќи не постои никаква осигурителна клаузула.

Реклама

Петар Стефановски