Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Додека земјите од регионот ги откажуваат изборите, СДСМ и натаму притиска на брзи изброи во време на пандемија

Додека земјите од регионот ги откажуваат изборите, СДСМ и натаму притиска на…

Сподели:

Додека земјите од регионот ги откажуваат изборите, СДСМ и натаму притиска на брзи изброи во време на пандемија. Екс премиерот Зоран Заев вели дека изборите во време на Корона биле решение, а не проблем. Иако околу 50-тина држави во светот, токму заради заштита на здравјето на граѓаните ги одложија изборните процеси.

Како последно, во Босна и Херцеговина, каде локалните избори се презакажани за 15 ноември, иако терминот за нивно одржување беше дури 4 октоммври. Сепак кај нас лидерот на СДСМ инсистира дека брзите избори ќе придонеле до функционални институции.

– Потребно е и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото, најмногу заради здравјето на луѓето. Затоа мојата порака е – изборите се решение, а не проблем. Избори пред лето се клучни за да се обезбеди целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и ќе обезбедат рестарт на економијата. На граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет, порача Заев.

Реклама

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивен приоритет е здравјето на луѓето. Тие се за извбори, но не по цена на човечки животи. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски смета дека уредбата на владата врз основа на која СДСМ тврди дека избори треба да има 21 јуни ако вонредната состојба заврши на 30 мај не е легитимна. Ако владата навистина сака да ги спроведе антикризните мерки, избори до 30 јули не биле можни. Сепак простор за компромис сепак постои.

– Сега доколку вонредната состојба заврши на 30 мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи вонредната состојба од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик што значи дека помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи во 31 јули. Уште една лага која што е испорачана од ресорниот министер, Заев и Спасовски, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Засега нема најави за нова лидерска средба. Заев и натаму инсистира на брзи избори на 21 јуни. Мицкоски предложи 23 или 30 август и 13 септември. Опозицискиот блок кај Албанците пак предложи средината на јули. ДИК е со став дека не може да спроведе избори за 20 дена. Оливер Деркоски неколку пати спомена дека на Комисијата и се потребни 45-50 дена за сите дејствија. Власта пак инсистира на тоа дека останува уште малку време.

Борис Грујоски