Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Има надеж за пациентите со вештачко срце, Алфа сторија за охриѓанецот Александар

И плачам и се радувам, солзите сами течат оти сум среќен, ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И плачам и се радувам, солзите сами течат оти сум среќен, ова беше долга непроспиена ноќ која донесе многу надеж за сите нас – верувајте, иако не бие во моите гради, го чувствувам, го слушам како силно чука тоа вистинско срце во градите на мојот пријател – со трепетлив глас полн оптимизам и ведрина утринава ни посака добро утро охриѓанецот Александар Димоски, кој е еден од 20-те мина пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

До пред само половина година секојдневието на Александар кој работел како таксист било исполнето со посветена грижа околу семејството и битка за поудобен живот на 4,5 годишно синче. Но се тргна наопаку еден студен зимски ден кога почувствував силна болка кај срцето – вели тој. Неговото срце толку слабо работело што не можел да земе здив. Ноќите ги минував спиејќи во подисправена положба, некогаш дури преспивав седнат на маса, оти се гушев – единствен спас беше вештачкото срце со кое живеам веќе 5 месеци, вели Александар.

– Многу е тежок животот со батерии, со струја,навечер треба да се полнам со струја.Ми е страв да не не се наполнат батериите, да не се испразнат.И овај не е живот таков лесен.Што ти било најтешко во овај период додека си болен? Најтешко ми е што го имам апаратот со батерииве дека тежат две кила, ми тежат, рече Александар Димоски.

Реклама

Мајката на Александар, Елена раскажува како е да се биде мајка на чедо кое не знае што ќе му донесе утрешнината. Болеста на Александар, се случила во време додека таа лежела во болница, борејќи се за своето срце кое сега чука само за Александар.

– Само си мислам во ноќта дали детето ќе добие срце,дали ќе остане жив.Многу е тешко да бидеш мајка на вакво дете и да чекаш секој минут дали нешто ќе му се деси.Како Вие тоа го издржувате со оглед на тоа дека и Вие сте срцев болесник? Издржувам затоа што си велам морам да бидам жива да му помогнам за детево да може фамилијата да си ја гледа. Јас не знам можеби има и похрабри мајки јас толку можам се борам и го тешам и го бодрам му велам ќе слушнат институциите сигурно ќе побрзаат за да ве спасат и ќе живеете, рече Елена Димоска, мајката на Александар.

Поднесовме барање до Фондот за здравство да ги покрива трошоците за секоја контрола, бидејќи се’ плаќаме од свој џеб, а лековите, редовните испитувања, матералите за преврска се е тоа премногу скапо-месечно не чини околу 1000 евра, а во семејството никој не работи. Живееме од мојата пензија, вели мајката на Александар. Таа испрати апел до иституциите да направат сe’ за да се спасат овие лица кои чекаат трансплантација, некои со години, а време за чекање нема.

Во име на сите ,мајката на Александар се заблагодари на нашата телевизија која прва им излезе во пресрет на членовите од здружението „Храбро срце”, со цел да се подигне свеста за донирање на органи, но и да се пробуди свеста кај надлежните институции конечно да превземат одговорност и да им помогнат на овие пациенти на кои пумпите им откажуваат и се во критична состојба. До сега починаа двајца пациенти од здружението „Храбро срце“.

Росица Голабоска