Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Ѕидот на брегот на Охридското Езеро или народски кажано „парапетчето“ конечно почна да се руши

Без одобрение за градба, во автокампот Градиште се заѕидува крајбрежјето, буквално навлегувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без одобрение за градба, во автокампот Градиште се заѕидува крајбрежјето, буквално навлегувајќи во езерските води.Нелегалните градежни активности на оваа атрактивна, но спорна локација започнале уште лани, кога на само два метри оддалеченост од езерото бил изграден ресторан, а на самиот брег била направена и септичка јама, чии фекалии се пуштале дирекно во езерото. За ова, од здружението на граѓани “ Оревче’’ од село Пештани, на 13-ти март пријавиле во градежниот инспекторатот и оној за животна средина, но никој не реагирал, иако забрзано цела зима се работело на диво. Стапиле во контакт и со Едмонд Адеми, како Претседател на Националната комисија на Унеско, но попусто.

„Таму е се незаконски изградено, нема урбанистички план.Тие објекти што се изградени се бесправно изградени, имаме и документи за тоа.А има објекти и од тврда градба? Има и од тврда градба: рецепцијата, ресторанот,wc-ата,помошни простории има некои. И тие што се сега камперите си доградуваат со метални конструкции со бекатони, си заѕидуваат околу приколките“ – вели Ѓорѓи Танески – претседател на здружение на граѓани “ Оревче “.

Здружението “ Оревче “го сочинуваат претставници на 150 семејства од Пештани, кои 20 години безуспешно се обидуваат со процесот на денационализација да си ги вратат одземените имоти токму во автокампот Градиште. Тие гневни,отворено ги посочуваат фирмите чии сопственици аздисуваат приграбувајќи дел од крајбрежејето.

Реклама

„Тука некој стопанисува бесправно се богатат, доаѓаат некои ново печени бизнисмени, а ние го трпиме сето тоа.Последните 15 години се јавуваат закупци Екстра Скопско 5 години, Два бисери 5 години, сега има некоја нова фирма КМК трејд од Охрид. Ако ние тука мештаните изградиме еден обичен полски тоалет,одма ќе дојде инспекторот ќе донесе решение и ќе ми го руши“ – вели Ѓорѓи Танески.

Преку статус на фејбук се огласи градочаланикот на Охрид, Георгиески,во кој пишува дека на 24-ти март инспекциските служби донеле решение за отстранување на нелеганите градби. Од тогаш изминаа скоро две месеци, а инспекциските служби никаде ги немаше, за сега наеднаш под притисок на јавноста да се растрчаат, спроведувајќи ја акцијата за рушење, но само на нелегално изградениот ѕид, а не и на останите објекти од цврста градба.

Росица Голабоска