Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Заев: Пенкало за секој гласач, заокружување до доцна во ноќта

Избори ќе има, макар и да треба да се купуваат пенкала за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избори ќе има, макар и да треба да се купуваат пенкала за секој гласач, ова е најновата идеја на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој бара брзи избори во време на пандемија, кога речиси сите земји ги одложуваат изборите .

Поранешниот премиер вчера излезе со предлог за реализација на избори по секоја цена.. Решението спред Заев, е да се продолжи рокот за гласање, односно, изборниот ден, да трае од 6 до 22 часот, а објасни и како би изгледал процесот кога ќе се гласа.

  •  Се влегува се подава лична карта на дистанца, при легитимирањето ќе ја симнеме маската потоа ја враќаме маската и понатаму поминуваат стандарните дејствија. На влезот и на излезот дезинфицирање, а ако треба државата и да купи пенкала тоа ќе го направи, ќе купи еден милион и 800 илјади пенкала што од прилика чини 150.000 евра- вели  Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Социјалните мрежи веќе вријат од пораките на граѓаните, но и на експертската јавност дека овој предлог ќе значи стотици илјади евра потрошени само за пенкала, а дополнително ќе треба да се обезбедат заштитните маски и друга опрема. Во време на криза кога илјадници луѓе останаа без работа, од каде пари за пенкала се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Реклама

Но не само тоа, останува отворено прашањето, од каде ќе се најдат пари да се доплатат дополнителните 4 часа за гласање, на име хонорари за луѓето кои ќе бидат ангажирани на избирачките места.

Брзањето за одржување на избори, според информациите кои ги објави порталот Плус инфо, Заев го форсирал и преку писмо упатено до европратеници во кое наводно објаснувал дека сега бил периодот кога им пораснал рејтингот, па би можеле да формираат влада која во целост би ги исполнила договорите со Грција и Бугарија

Меѓу другото во писмото кое Заев го пратил, според Плус инфо -напишал и оти очекува – изборите да бидат прогласени за чисти. Од владејачката СДСМ експресно ги демантираа овие наводи и инфорамции.

Мери Ѓорѓиевска