Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: Не сакам да победам и да бидам мандатар по цена на човечки жртви – Здравјето е на прво место

Планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од 4 точки е прифатен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од 4 точки е прифатен на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, дознава Алфа. Прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори. Потоа да се обезбедат набљудувачи, па потоа да се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори, за да на крај се обезбеди и определи можен датум. Повеќето лидери се согласиле дека здравјето на граѓаните е најважно, а идната недела ќе следи нова лидерска средба.

Извори од лидерската средба за Алфа брифираат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев кажал дека стопанството во ист удар мора да го преживее корона вирусот и изборниот процес и дека демократијата е скапа работа. Тој посочил дека сега и онака нема пари на светскиот пазар па така голема финансиска инекција не може да се очекува во наредните месеци.

Политичкиот живот мора да тече, а граѓаните мора да се прилагодуваат на ново настанатата состојба и самите да стекнат имунитет од заразната болест со тек на времето – нагласил Заев.

Реклама

Заев рекол дека тоа е  реалност и тоа мора да се прифати бидејќи секој ден мора така да се живее. Демократијата било скап систем кој мора да има приоритети и директна финансиска потркепа.