Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ИВЗ одлучи: Ги отвара џамиите на 12 мај, без амин од комисијата за заразни болести и од владата

Иако забраната за масовни собири се уште е на сила, ИВЗ самоволно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако забраната за масовни собири се уште е на сила, ИВЗ самоволно си одлучиле дека од 12 мај ќе ги отворат џамиите за верниците да можат да одат на молитви, спротивно на препораките на владата за организација на собири од верски карактер.

Уште е нејасно како на вчерашниот состанок на Ријасетот, 13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи донеле одлуката дека од вторник сите верници можат да одат на колективни молитви во џамиите, а не добиле амин ниту од комисијата за заразни болести, ниту од владата.

Според информациите во јавноста ИВЗ одлуката ја донеле врз основа на фактот што во земјата се намалил бројот на заразени од коронавирусот, но се налутени и поради вчерашната литија одржана во Струга организирана од МПЦ, каде стотици верници излегоа на улиците.

Реклама

„Вреди да се напомене дека во текот на суспензијата на колективните молитви во џамиите, ИВЗ строго ги спроведе препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, свесна за последиците “, соопшти ИВЗ.

Додека ИВЗ се надева на поддршка од Владата, од Илинденска велат дека стојат на стариот став: МПЦ и ИВЗ да не организираат и дозволат масовни собири.

Очекуваме и бараме, и од МПЦ и од ИВЗ, да не преземаат никакви следни чекори по однос на организација на какви било собири од верски карактер, се додека забраните и мерките за заштита на здравјето се на сила, велат од Владата.

Неофицијално по објавувањето на одлуката на ИВЗ, голем број на верници уште денеска се упатиле кон џамиите. Дел од граѓаните кои беа во околина на скопската чаршија велат дека се додека се одржува растојание мегу верниците и се носат маски, би било добро да се отворат верските објекти.

Верските објекти досега беа затворени за верниците по воведувањето на владините мерки за превенција од ширење на вирусот ковид-19 од страна на Владата.

Мери Ѓорѓиевска