Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Рестораните во земјава со нов стил, паравани и растојание помеѓу масите

Рестораните во земјава добија нов изглед. Маси поставени на растојание, паравани помеѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рестораните во земјава добија нов изглед. Маси поставени на растојание, паравани помеѓу нив, различен распоред и поставеност на ентериерот во локалите, на големо се прават измени за веќе најавеното олабавување на мерките. Официјално соопштение се уште нема, но угостителите не губат време.  Се претпоставува дека масите ќе бидат поставени на најмалку два метри растојание, келнерите ќе носат маски или визири, а за почеток ќе работат само летните тераси.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека пред отворање на рестораните, целосната дезинфекција ќе биде неминовна.

„Бидејќи рестораните кои беа затворени не работеа кетеринг и подолг период беа запечатени, ќе ги кажам само главните мерки. Ќе треба да направат повторно чистење и дезинфекција на опремата и површините кои служат за обработка на храна и пред отворањето на рестораните ќе треба да извршат една општа дезинфекција во самиот објект, бидејќи подолго време стоел запечатен, неотворен и не знаеме што се случувало таму“ – вели Зоран Атанасов, директор на АХВ.

Реклама

Угостителствoтo е еден од најпогодените сектори во земјата, кој од средината на месец март годинава со уредба од Владата беше затворен, се со цел превенција од вирусната инфекција, велат од туристичко – угостителска комора. Најголем дел од угостителите не се задоволни со понудената мерка за поддршка, и тешко ќе можат да ја поминат оваа криза.

Во однос на економските мерки, на прашањето дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка, во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари, 95% одговориле дека не се задоволни, а само 5% дека се задоволни”- изјави Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителска комора.

Протоколите со безбедносни мерки за функционирање на угостителстките објекти се во изработка, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека до крајот на неделава ќе биде соопштено и кога ќе почнат со работа рестораните.

 Адријана Алексиеска