Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Годинава денот на македонскиот јазик се одбележува кога се бара негово бришење од страна на Македонија

Петти мај- денот на македонскиот јазик, оваа година го одбележуваме во период…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петти мај- денот на македонскиот јазик, оваа година го одбележуваме во период кога откажувањето токму од него, стана услов за напредок во евроинтегративниот пат на Македонија. Бугарија ја условува нашата држава со откажување од јазикот, за да може да отпочне преговори за членство во ЕУ. Во гостување во „Заспиј ако можеш“ на Алфа, универзетитската професорка по македонски јазик, Елка Јачева Улчар, вели ставот на бугарската страна не е проблем, туку проблематично е што македонската страна изгледа подготвена за големи отстапки.

-Со години наназад на сите конференции, на сите конгреси, на сите славистички средби, каде што настапуваме со реферати, доаѓаат и бугарски колеги, само ретко некој од нив го признава македонскиот јазик и ја признава македонската нација. Сега јас не знам како ќе се појавам утре пред колегите пред нашите колеги од странство, особено пред нашите колеги од Бугарија, кога знам дека во нашата земја не е модерно да си Македонец и да зборуваш македонски, изјави Јачева Улчар.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели како никогаш порано, македонскиот јазик и нација се ставени пред премрежија и негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт.

Реклама

-Македонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, но останале тоа што се. Ќе го поминеме и овој период како што доликува. Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик, изјави Мицкоски.

Иако потезите на власта и реториката на луѓе блиски до неа, даваат сигнали дека Македонија е подготвена на сериозни отстапки кон Бугарија, на штета на македонскиот јазик и нација, техничкиот премиер барем во овој момент говори друго.

-Овој ден не обврзува уште еднаш да испратиме јасна порака дека оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, изјави Спасовски.

Јазикот не единствено нешто од што Бугарија бара да се откажеме, за евентуален напредок на патот кон ЕУ, се бара и откажување од малцинството, како и да се признае дека Гоце Делчев бил Бугарин.

Матеја Петровски