Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Заев сака избори меѓу два пика на корона вирус

Планот на лидерот на СДСМ е да реализира избори меѓу два пика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Планот на лидерот на СДСМ е да реализира избори меѓу два пика на корона вирусот. Му се брза да се реализираат пред да се случи втор бран на ковид-19. Вели дека ако се реализирале прогнозите на светските експерти не се знаело кога ќе има втора можност за избори.

“Треба да бидеме свесни сите во услови кога нема Парламент и има одложени избори,дека  кредибилитетот на владата мора да биде поткрепен од довербата на граѓаните. Фала богу бројките од корона кризата опаѓаат и треба будно да ги следиме. Но, треба да ја зграбиме првата можност за избори бидејќи не знаеме кога ќе има втора можност. Светот кажува дека есента може да има и нов бран. Ако се случи тоа, ќе влеземе во пробивање на сите уставни рокови од пренесените надлежности”, изјави Заев

Заев очекува спикерот Џафери писмено да одговори на иницијативата на СДСМ за  свикување на собранието која била за потврдување на вонредната состојба и контрола на владата.

Реклама

Според Мицкоски пак Заев докажал дека сака да оди на брзи избори за да спречи поголем изборен пораз и со тоа докажал дека изборите му се поважни од здравјето на граѓаните.

“Во трите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не се избори. Прв приоритет е како конечно оваа пандемија да остане позади нас целосно. Втор приоритет е како да ја застанеме на нозе економијата бидејќи економијата живот значи. И третиот приоритет е да ја вратиме самодовербата меѓу македонските граѓани бидејчи таа е изгубена. Сето ова влијаеше врз самото чувство кај граѓаните и тоа сакаме да го вратиме. Сите знаеме дека ВМРО-ДПМНе ќе победи на изборите кога и да се одржат”, вели Мицкоски.

Инаку во среда се очекува уставните судии да одлучат  дали ќе ја прифатат иницијативата за уставноста на распуштањето на собранието. Доколку одлучат дека целта за распуштање, избори на 12 април не е оправдана тоа може да го отвори патот за повторно свикување на парламентот и нов датум за изборно соочување.

Инаку Комисијата за заразни болести ќе одлучи дали и кога ќе се одржат избори. Но кога и да се одржат ќе бидат спробедени според строги протоколи.

Градимир Марковски