Реклама

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Македонија

Професорите велат дека нема логика учениците да се вратат во школските клупи на крајот на годината

Враќањето на учениците во училишните клупи наредниот месец, според професорската фела нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Враќањето на учениците во училишните клупи наредниот месец, според професорската фела нема логика. Се чудат зошто би се отвориле училиштата само за неколку недели.  Притоа посочуваат дека во една училница има повеќе од дваесет ученици, а просториите кои ги имаат средните училишта не можат да овозможат физичко дистанцирање според препораките на СЗО. Властите најавија дека по првомајските празници ќе се разговара за враќање на децата  во градинките и училиштата.

Професорите велат дека се е многу неизвесно. Но, децидни се дека матура мора да се полага бидејќи има ученици кои планираат да аплицираат на факултет во странство, а речиси во сите земји матурата е задолжителна.  Но посочуваат дека ако  реално се гледаат работите учениците не можат да бидат доволно подготвени со онлајн настава како со редовната.

Што конкретно планираат властите за учениците, детали не откриваат. Се ќе зависи од пандемијата.

Реклама

Инаку некои од соседните земји уште во март пресекоа дека учебната година е завршена. Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека ризикот за повторно отворање на училиштата е огромен и дека професорите и учениците не треба да бидат ни најмалку изложени, бидејќи некој ако се зарази и да го пренесе вирусот на своите блиски.

Другите земји од Регионот се соочуваат со слични проблеми како кај нас. И таму неизвесност за образовниот процес.

Дејан Трендов