Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа и водата во Гостивар е безбедна за пиење

СДСМ и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност.

Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани. Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што почнаа да се покажуваат првите симптоми кога ќе те удри сонце во глава, а тоа е дезориентираност – истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција. 

Видливо е дека во СДСМ навистина се во целосен хаос. Во оваа прилика ќе им укажеме дека нивните кажувања останаа на ширење лаги и паника кај граѓаните и не само лаги, туку и опасни информации по здравјето за граѓаните.

Реклама

Прво, факт е дека водата е безбедна за пиење во Гостивар. Сите надлежни инситутции во соодветен рок ги направија сите неопходни испитувања и вчера се покажа дека водата е веќе  безбедна за пиење. Но, СДСМ и по оваа вест почна да зборува во празно, да бара документи.

Второ, лагата за водата во Скопје ги надмина сите размери на политичка пропаганда, односно  беше опасна здравствена информација за граѓаните на главниот град, но веднаш побиена со докази.

За крај денеска имаме само едно да кажеме, граѓаните се безбедни и водата за пиење и во Гостивар е безбедна. Оваа Влада се грижи за секој еден граѓанин.

А на СДСМ, најдобронамерно им кажуваме, час поскоро да се соземат, бидејќи хаосот во кој се, е преголем и им станува само дополнителен проблем во опстојување на политичката сцена.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: