Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка.

– Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција. Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово – наведуваат од Обвинителството.

Реклама

Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.